ЗА ХАНИБАЛ

 

 

Доколку се прашувате зошто токму „Ханибал“ е името кое го носи нашиот ресторан, еве нешто што можеби ќе Ве заинтересира...

Идејата за ова име потекна од архитектот „Вангел Божиновски“ чие дело е и ресторанот Ханибал. Својата инспирација тој ја најде во Ханибал - картагинскиот војсководец. Во историјата Ханибал е најпознат по Втората Пунска војна, каде што со карван од слонови ги преминал Алпите за да ја освои Италија. 

Токму затоа, во нашето лого ќе го препознаете слонот - симболика на исклучителната борбеност.


  

Ресторан Ханибал беше отворен во далечната 1991 година, а веќе од 2005 година е специјализиран за свадби и други свечености. Од своето отворање, па до денес истиот е реновиран неколку пати. Посетителите имаат можност да го користат и отворениот дел со базен, кој е хортикултурно уреден и претставува прекрасно место за вашите веселби. Од Ноември 2013 година нашиот бизнис е проширен со отворањето на “Пекара и Слаткара Ханибал” која нуди најразлични типови на пецива, леб, слатки и торти. Во овој контекст сакаме да истакнеме дека за вашата свадбена веселба добивате гратис торта по ваш избор. Нашето 20 годишно искуство во угостителството, максималната посветеност и желбата за задоволни клиенти се клучот за нашиот успех во работењето. Кај нас гостите имаат можност да уживаат во највкусната храна приготвена од вистински мајстори во кулинарството во најсовремена кујна по сите светски стандарди и да бидат беспрекорно услужени од нашиот професионален персонал.